(ВИДЕО) СДСМ Штип: Апаратите во Клиничката болница коишто живот значат не се во функција

Од:

„Апаратот за Компјутерска томографија во Клиничката болница во Штип не функционира повеќе од шест месеци.

И покрај долгонајавуваните ветувања од страна на менаџерскиот тим на штипската Клиничка болница дека во тек е тендер за набавка на дел за апаратот, до ден денес тоа не се случи.

Подолг период не работи ниту апаратот за лапароскопска хирургија. Оваа современа метода подолг период не се работи во штипската Клиничка болница.

Болните од малигни заболувања и понатаму не ја добиваат ниту потребната зрачна терапија, затоа што акцелераторот што требаше да започне со работа на почетокот на 2014 година, се уште не е во функција.

Во хируршите сали има хроничен недостаток на конци за шиење.

Додека власта на ВМРО-ДПМНЕ троши 18 милиони евра, пари на граѓаните за Панорамско тркало, пациентите се принудени потребната здравствена услуга да ја бараат во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров секојдневно покажуваат дека грижата за пациентите и добивањето соодветна здравствена услуга за нив е неважно.

Болницата во Штип тоне во огромни долгови, голем дел од апаратите се со чести дефекти коишто не се санираат а тендерите се прават на нетранспарентен начин.

Болничките аптеки често остануваат без лекови.

Затоа на Штип му се потребни промени и тие ќе се случат на 11 декември.

За новата и одговорна влада предовдена од СДСМ приоритет ќе бидат граѓаните и нивното здравје. Квалитетно јавно здравје, достапно до сите, е наш приоритет“, изјави Д-р Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ