Во Скопје викендов трето прскање против комарци

Од:

Третата годинашна авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци  на  подрачјето на град Скопје ќе се реализира викендов, најавуваат од Град Скопје.

– Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) ќе се реализира в сабота, во период од 6 до 12 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта,  канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар. Третиот, пак, наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична)  ќе се реализира в понеделник, во период од 9 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водени површини (канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на Вардар), соопшти Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето