Бугарија бара 160 милиони евра од ЕУ за заштита на границата

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска побара од ЕУ итно да и додели 160 милиони евра на Бугарија, со цел земјата да може подобро да ја заштити својата граница кон Турција.

– Сакаме да добиеме нешто повеќе, а не само изјави на солидарност, На Самитот во Братсилава ќе настојувам итно да ни бидат доделени 160 милиони евра, рече Борисов.

Преку бугарско-турската граница минуваат клучните канали за илегален влез на бегалци и мигранти во ЕУ, која се соочува со досега најголемата бегалска криза во својата историја.

Бугарија последниве месеци бележи зголемен број апликанти за азил, кои останаа заглавени на нејзина територија, откако земјите од Средна Европа ја зајакнаа контролата на своите граници и го ограничија влезот на имигранти. 

Според бугарските власти во текот на август бројот на апликанти за азил во Бугарија е двојно поголем во однос на претходните два месеци.

Главна тема на Самитот на ЕУ во Братислава, што ќе се одржи в петок, ќе бидат плановите за иднината на Унијата по одлуката на Велика Британија за напуштање на блокот. Меѓутоа, државите кои се протегаат долж надворешните граници на Унијата, пред се Грција и Италија, бараат на средбата да се разговара и за мигрантскиот прилив, тврдејќи дека другите членки на Унијата не покажуваат солидарност со нивните напори за справување со кризата.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална