Во Шпанија, по седум века традиција, забрането е убивањето на бикови со копје
Полицијата интервенирала пред да почне трката со бикови која се одржувала во градот Тордесилас, 200 километри северозападно од Мадрид.
На фестивалот кој според организаторите започнал во 14 век, по традиција, се бркаат бикови со копје. Тоа е еден од најкрвавите шпански спектакли.
Поради зголемениот број протести, предводени од активисти за правата на животните регионалната влада, минатата година, го забрани убивањето на овие животни за време на градскиот фестивал, но се уште е дозволено да се убиваат во традиционални борби во арените.