Велосипедски излет посветен на Европската недела на мобилноста ќе се одржи в недела во парк шумата Гази Баба.
Настанот е во организација на здружението „Прв до врв“, а поддржан од Град Скопје и е наменет за сите кои сакаат викендот да го поминат со својот велосипед, заедно со своето друштво или семејство и да се забавуваат на излет со музика и во друштво на љубители на велосипедите.
Пикникот ќе започне со истражување на парк шумата Гази Баба, каде учесниците ќе можат да се запознаат со патеките што оваа локација ги нуди за рекреација со велосипед, а потоа од 12 часот е предвидена музичка програма и забава за присутните на пикникот.
Европската недела на мобилноста е кампања за креирање навики и алтернативи за одржлив транспорт на луѓето кои живеат во градовите. Во кампањата учествуваат 1966 градови во Европа, меѓу кои и Скопје.