Група локални жители и активисти за правата на животните се судрија вчера и взаемно се навредуваа за време на стариот шпански фестивал на кој првпат оваа година се забранува традиционалното убивање на бикови со копје.
Полицијата на коњи инетервенираше пред стотици луѓе, кои тргнаа во трката по бикот и предизвикуваќи го во градот Тордесиљас, 200 километри северозападно од Мадрид.
На фестивалот, кој според зборовите на организаторот, потекнува од 14 век, по традиција на коњи се брка бикот или пеш и на крајот највештиот учесник го прободува со копје и убива пред илјадниците гледачи. Тоа е еден од најкрвавите шпански спектакли.
Поради се поголемите протести на активистите за правата на животните, регионалната влада минатата година забрани убивање за време на градските фестивали иако и понатаму се дозволува биковите да се убиваат во традиционалните борби со биковите во арената.