Шведска пратеничка играше Покемон при отворањето на парламентарната сесија

Од:

Шведска пратеничка предизвика полемика, играјќи ја популарната игра Покемон гоу за време на отворањето на новата сесија на шведскиот парламент.

Додека премиерот Стефан Ловен од Социјалдемократската партија изрекувањето го држеше традиционалниот говор при отворањето, неговата сопартијка Моника Грин успеа да стави на Твитер слика на еден од ликовите од играта. Тоа веднаш предизвика критики кон неа, но таа ги отфрли со аргументот дека може да прави две работи истовремено – да го слуша говорот на премиерот, кој е прекрасен, и да игра.

На отворањето на парламентарната сесија присуствуваа шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав и неговиот син принцот Даниел.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица