НДМ: Последен повик до Груевски и Заев за една изборна единица

Од:

„Народно движење за Македонија упатува последен повик до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да овозможат една изборна единица.

Поголемиот број запишани гласачи во шестата изборна единица во однос на другите пет изборни единици ја услови потребата од свикување на уште една собраниска седница на која ќе се менува Изборниот законик со што се отвора патот во последен момент на истата собраниска седница Груевски и Заев да го слушнат гласот на експертската, политичката, невладините и воопшто севкупната јавност во земјата за една изборна единица, како што е впрочем во сите европски земји.

Да потсетиме, НДМ досега се залагаше за една изборна единица согласно нашата Иницијатива до Собранието уште од 22.07.2010 со која е побарано територијата на земјата да биде една изборна единица за која собранискиот спикер Трајко Вељановски повратно не информираше дека врз основа на член 133 став 2 од собранискиот деловник ја доставил до сите пратеници, меѓутоа, истата до денешен ден остана закочена во собраниските фиоки.

НДМ го реафирмираше ставот за една изборна единица и во предлог-планот од седум точки за политичката криза кој на 18 мај 2015 лично им го доставивме до Никола Груевски и Зоран Заев.

НДМ верува во демократскиот капацитет на Груевски и Заев и во нивното одговорно лидерство во интерес на демократијата, и оттука, очекуваме во последен момент како што впрочем ги носеа сите решенија за кризата, најпосле да ги израдуваат граѓаните со една изборна единица со што се овозмножува секој глас да има еднаква бројна вредност и најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати“, соопштуваат од НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска