ЛДП: Двојните аршини на македонското правосудство

Од:

„Македонското правосудство продолжува со апсурдите и двојните аршини.

Обвинителството за спречување организиран криминал, бара од судот да им изрече мерка забрана за работа на  професорите и асистентите, на Економски факултет во Скопје, осомничени за корупција ,  да немаат допир со студентите, додека функционерите од власта осомничени за тешки криминали се недопирливи.

Најизвиканите во „бомбите“слободно шетаат низ светот и собираат камчиња  по плажите на Халкидики.

Најголемиот скандал  се случува во Битола , каде  градоначалникот Владимир Талески , трет месец од куќен притвор  ја води Општина Битола,  потпишува службени документи и раководи со парите на граѓаните, додека СЈО го товари за криминал со бесплатниот школски превоз тежок 360 000 евра.

Двојните аршини на македонското правосудство под диктат на ВМРО-ДПМНЕ се срам за држава која претендира да стане членка на Европската Унија.

ЛДП бара владеењето на правото и почитувањето на Законите  да се  применуваат  без привилегии, сите осомничени функционери за криминал и корупција да се отстранат од работа и да им се одземат сите ингеренции , вклучително и на Талески.

Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да ги осуди ваквите двојни аршини и да побара од сите свои функционери обвинети за криминал и оние за кои постојат основани сомненија за сторен криминал да се повлечат од функциите .

Апелираме уште еднаш, под итно да се преиспитаат„надлежностите“ на притворениот градоначалник на Битола, Владимир Талески.  Негова оставка и организирање на предвремени избори за градоначалник на Битола заедно со  вонредните парламентарни избори на 11 декември годинава“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните