Започнува постапката за продажба на АД „Славија“

Од:

Владата ја задолжи Агенцијата за управување со одземен имот да ја отпочне постапката за продажба на АД „Славија“. „Славија“ е акционерско друштво каде 98 отсто сопственост и управувачки пакет има акционерот -Агенцијата за управување со конфискуван имот, чиј основач е Владата.

– Сопствеништвото, како и управувачкиот пакет над акциите на „Славија“ е пренесено на Агенцијата при конфискацијата на 4.285 акции од лицето Кирил Кочовски, врз основа на правосилна судска пресуда за сторено кривично дело и решение за конфискација. Според истата пресуда Кочовски ја оштетил Република Македонија за 97.612.997 денари, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Бирото за судски вештачења, како што додаде, има направено проценка на имотот на АД „Славија“, според кој имотот што го поседува друштвото изнесува околу 25 милиони евра.

Обврските на друштвото, пак, кон субјектите за плати на вработените, кон доверителите, кон државниот ФПИОМ и сите други обврски изнесуваат околу 17 милиони евра, рече Ѓорѓиев, додавајќи дека „Славија“ е атрактивна за продажба и оти очекуваат да се појави интерес за купување.

Управниот одбор на „Славија“ идниот период треба да направи финална проценка на вредноста на капиталот на фирмата, при која Владата, како што истакна Ѓорѓиев, ги задолжи да се земе проценката на Бирото за судски вештачења, долговите, побарувањата, спорните капитали, судските процедури, потпишани договори за изнајмување кои се со клаузули и не може да се раскине.

Владиниот портпарол истакна дека по завршувањето на сите постапки акциите ќе бидат продадени на берза во конкретен датум за кој јавноста дополнително ќе биде известена со ориентациски термин во периодот пред или по Нова година.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада