Одложени претседателските избори во Австрија

Од:

Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка изјави на прес-конференција дека Владата одлучила да го одложи повторувањето на вториот круг од претседателските избори, кој требаше да се одржи на 2 октомври.

Како евентуални нови датуми за одржување на вториот круг од изборите Соботка ги наведе 27 ноември или 4 декември, додавајќи дека Владата ќе направи се што е можно тоа да се случи до крајот на годинава.

Министерот им се извини на сите избирачи, кои веќе гласале преку пошта, како и на двајцата претседателски кандидата – Александар ван дер Белен и Норберт Хофер.

Одложувањето на изборите поради технички проблем, кој е поврзан со одлепување на ковертите, претставува преседан во Австрија, поради што ќе треба да се изврши и измена во законот, со што ќе се овозможи одложување на повторното спроведување на втор круг од гласањето. Друг проблем, кој треба да биде решен, е на каков начин да се подготват изборните списоци, бидејќи законот предвидува да се користат списоците од првиот круг, а логично е тие да се ажурираат бидејќи во меѓувреме има починати лица, како и млади луѓе кои добиле право на глас.

Според првичните информации, одложувањето на вториот круг од претседателските избори ќе ги чини Австријците два милиона евра.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник