Почна новата академска година на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Од:

На Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид денеска на свечен начин беше одбележан почетокот на новата академска учебна година, со доделување на дипломите на 73 студенти од третата и четвртата генерација кои тука го стекнаа своето високо образование.

Ректорот на УИТ Нинослав Марина истакна дека во новата академска година на најмладата високообразовна институција во земјата се запишани 153 бруцоши, од кои 103 македонски државјани и 53 странски студенти. Тој нагласи дека интересот на студирање на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ расте од година во година, така што оваа година во Охрид ќе студираат млади луѓе од 17 земји од сите континенти.

– Информатичките технологии се речиси насекаде, нивната универзалност во општеството генерира голема потреба од компетентни кадри во областа. Самото студирање на англски јазик ги прави нашите студенти компетитивни на глобалниот пазар на труд, така што можат лесно да најдат работа, како во Македонија така и во светот. Дополнителен мотив за избор на информатичките науки претставува фактот што самата професија поттикнува претприемништо и дава можност за работа од дома, рече Марина.

Александар Лазаревски, дипломец на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот „Свети Апостол Павле“, веќе работи во информатичка фирма.

–  Тоа е добро, со оглед што информатиката во Македонија се уште е во развој. Има понуда така што препорачувам на идните студенти дека можат да се најдат во информатиката како софтвер инженери и лесно можат да најдат работа споредбено со другите области на образование, рече тој, нагласувајќи дека самата бранша дозволува брз напредок во кариерата доколку се поседуваат потребните вештини и знаења.

Неговата колешка, Анита Ѓонеска од Факултетот за информатички системи, мултимедија, визуелизација и анимација рече дека го одбрала токму УИТ поради фактот што нагорен е трендот во развојот на информатичките компании во Македонија.

– Има многу странски инвестиции и компании од областа на информатиката, така што постои потреба од кадар каков што сме ние. Својата иднина ја гледам тука, во Македонија, имам и некои конкретни понуди, така што очекувам успех и напредок на професионален план, рече Ѓонеска.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование