Ѓорческа со најдобар ранг во двојки и пад од четири места во сингл на ВТА листата

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи нов скок од четири места на ВТА листата во конкуренција на двојки и се искачи на 179.место што е нејзин најдобар ранг во двојки. Ѓорческа има 385 поени.

Во поединечна конкуренција Лина има пад од четири места и се наоѓа на 221 место со 235 поени.

Втората наша тенисерка со ранг на ВТА листата, Магдалена Стоилковска се наоѓа на делба на 1239.место во сингл, а во двојки е на 1032 место.

Промена има и на лидерската позиција. Нов лидер е Германката Анџелик Кербер кој по триумфот на УС Опен има 8.730 бода.

На второто место падна Серена Вилијамс (САД) 7.050 бодови, а во ТОП 5 уште се: Гарбине Мугуруза (Шпанија) 5.830, Агњешка Радванска (Полска) 5.815 и Симона Халеп (Романија) 4.801 бод.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен