Член на опозицијата по 20 години стана пратеник во Парламентот на Белорусија

Од:

Најмалку еден белоруски опозициски кандидат е избран за пратеник во Долниот дом на Парламентот, што е првпат во изминатите 20 години претседателот Александар Лукашенко во Парламентот да има политички противник, соопшти Централната изборна комисија.

Овој резултат нема да ја промени политичката слика на поранешната советска република, која САД ја сметаат за „последната диктатура во Европа“, но сигнализира дека властите прават некои отстапки пред западните барања за демократски промени.

Соопштувајќи ги резултатите за три од вкупно седум белоруски области, шефот на Комисијата, Лидија Јермошина изјави дека Ана Конопатскаја, членка на опозициската Обединета цивилна партија, освоила едно од 110-те пратенички места.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад