Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Костоски се најде во петорката на колото на ФИБА за 4.рунда во квалификациите за Евробаскет 2017.
Костоски во победата над Луксембург синоќа имаше ефект од 20 поени, девет скока и седум асистенции.
Македонија го доби дуелот потешко од очекувањата и ги задржа теоретските шанси за пласман на Европското првенство.
Покрај Костоски, во тимот на колот според ФИБА се најдоа уште и Клемен Препелиќ (Словенија), Адам Ханга (Унгарија), Данило Бартел (Германија) и Гашпер Видмар (Словенија).