Кербер ја освои титулата на УС Опен

Од:

Германката Анжелик Кербер ја освои титулата на УС Опен, откако во финалето за два часа и 10 минути игра ја совлада Каролина Плишкова со 6-3, 4-6, 6-4. Кербер од понеделник ќе биде новата број 1 во женскиот тенис.

Кербер првиот сет го доби за 40 минути, откако максимално ја искористи нервозата во играта на Плишкова и направи брејк во првиот и деветиот гем. Чешката тенисерка во првиот сет испушти три брејк топки.

Почетната нервоза Плишкова ја надмина како мечот одминуваше, во вториот сет играше исклучително агресивно и ризикот и се исплатеше во седмиот гем успеа да и го одземе сервисот на противничката и потоа да го освои сетот.

Чехињата прва направи брејк и во третиот сет, уште на стартот и го одзеде сервисот на Кербер, кој бргу потоа возврати, потоа мечот влезе во фаза во која двете тенисерки релативно лесно ги добиваа своите сервиси, но како се ближеше крајот повторно беше забележлива нервозата кај Плишкова.

Во десеттиот гем Плишкова сервираше за 5-5, но на свој сервис не освои нит еден поен и мечот и припадна на Кербер.

Анжелик Кербер во Њујорк ја освои својата втора Грен слем титула, вкупно десетта во кариерата, додека Плишкова ќе влезе во историјата како третата тенисерка која на Грен слем турнир успеала да ги победи сестрите Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен