Амансио Ортега, шпанскиот бизнисмен и сопственик на „Зара“ и на уште неколку модни брендови, е прв на листата на најбогати, според американскиот магазин „Форбс“.
Ортега го претрка основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.
Богатството на сопственикот на трговскиот синџир за текстил „Индитекс“ се проценува на 79,5 милијарди долари, додека досегашниот најбогат човек во светот, Бил Гејтс има богатство во вредност од 78,5 милијарди долари.
Ортега ја започнал неговата кариера како благајник во родниот град Ла Коруња, потоа со неговата тогашна сопруга Росалија започнал да шие долна облека и пижами во нивниот дом.
Тој во 1975 година го покренал модниот бренд „Зара“, а потоа ја основал компанијата „Индитекс“, под кој се брендовите „Масимо Дути“ и „Пул енд Бер“.