А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Цветковски: Директорите на неколку училишта во Битола се со истечен мандат

by А1он09/09/2016 - 17:2109/09/2016 - 17:22192
Share0

Интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ОО ЛДП Битола, Томе Цветковски:

Следете a1on на Instagram Instagram

Либерално-демократската партиај денеска ќе изнесе неколку факти за тоа дека Битола не функционира нормално и Владимир Талески, во интерес на сите граѓани, мора веднаш да поднесе оставка.

ЛДП ќе ја запознае јавноста со состојбите во битолското образование и начинот на кој ДПМНЕ ја практикува власта.

Според официјално достапните документи, директорите на неколку училишта во градот се со поминат мандат и според нас одлуките кои ги донеле во овој период не можат да бидат законски и не се одржливи.

Следете a1on на Youtube YouTube

На директорот на Битолската гимназија, ВД мандатот му истекол на 11.07.2016 и истиот до сега не добил продолжување.

Директорката на средното медицинско училиште и покрај тоа што е под истрага за “Транспортер“, направи долг од 250.000 евра, доби две препораки од антикорупциската комисија за нејзина смена, сеуште безгрижно седи во директорската фотелја а мандатот и истекол на 10.07.2016. Јавно прашуваме, што треба да направи за истата да биде сменета од директорското место?

ВД мандатот уште на 29.07.2016 и истекол и на директорката на “Кирил и Методиј“, а во “Ѓорги Сугаре“ решението за избор истекува за два дена.

Овие аргументи покажуваат дека во Битола владее организиран хаос, а ДПМНЕ продолжува да ја негира реалноста која му се случува на градот.

Затоа, за излез од кризата во која Битола се наоѓа во последните 12 години, уште еднаш ги повторуваме нашите две барања:

1. Итна оставка на Владимир Талески од местото градоначалник и

2. Одржување на избори за градоначалник на 11-ти Декември заедно со парламентарните избори.

ldp

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 09:19

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:22

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 09:53

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:46

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он23/01/2026 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео