Јотовски елиминиран во четвртфиналето на фјучрсот на Златибор

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски е елиминиран во четвртфиналето на фјучрс турнирот на Златибор.

Тој денеска го загуби мечот од четвртиот носител Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина (605.место на АТП листа) со 2-0 во сетови (6:2 и 6:1).

Противникот успешно ја постави играта и едноставно чекаше на грешките на Јотовски, кој поради повредата немаше доволно мечеви во последниот период. Мечот траеше 84 минути. Јотовски за двете победи ќе освои два поена.

Следната недела нашиот тенисер го очекува настап и на фјучрсот во Ниш.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен