ДОМ: Реална помош за поплавените, а не шетање по бирократски лавиринти!

Од:

„Среде поројните дождови што ја зафатија земјава, ДОМ е огорчен од малтретирањето на поплавените семејства што им се прави од страна на надлежните институции. Затоа апелираме до нив: Наместо да ги шетате по бирократски лавиринти, дајте им реална помош на поплавените!

Непристојно е овие измачени луѓе да се шетаат по нотари или со недели да се бараат на списоци распослани како чаршафи, за да станат кандидати за „големата награда“ од 500 евра. Уште понепристојно е, а и болно, наместо свое име, да најдат имиња на луѓе кои воопшто не живеат во поплавеното подрачје!

Бараме од раководните лица во овие институции да ја проследат сериозно состојбата, да утврдат кој и во чие име ги злоупотребува несреќните граѓани и конечно, под итно да обезбедат да се испорача ветената помош. И не само ветената помош од 500 евра, туку државата треба да одвои реална сума буџетски средства за поплавените семејства, со која ќе можат да се поправат куќите, да се купи мебел, покуќнина, облека и се што им треба за живот.

Буџетски средства има, но погрешно се распределени и насочени во непродуктивни објекти и намени, за кои најдобра илустрација е панорамското тркало. Затоа, повторно бараме прераспределба на буџетските средства според приоритети, меѓу кои еден од најважните е – помош за поплавените“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски