Претседателот на НДМ Јанко Бачев во разговор со граѓаните на Кочани ги слушна проблемите и понуди решенија што ќе бидат дел од понудата на НДМ.
„НДМ има конкретни мерки и предлози за решавање на проблемите.
Она што е клучно во економскиот дел од програмата водедуваме минимална плата од 500 евра, сигурен откуп на оризот како главна култура во овој регион, намалување на животните трошоци за 50%, трајно решавање на здравственото и пензиското осигурувањето на земјодлеците со уплата од 500 денари месечно, ревизија на приватизацијата и одземање на украденото, бесплатни акции за сите кои не добија акции во криминалната приватизација со разделување на бесплатни акции од ЕЛЕМ и МЕПСО, државниот капитал во Телеком, Македонија Пат, Аеродромот Александар Велики и од други јавни претпријатија и оние во кои има државен капитал, продажба на 10.000 службени возила, укинување на ангажираната моќност od 33,33% што граѓаните ја плаќаат со сметките за струја, укинување на давачката за граѓаните што не користат парно греење, ревизија на лихварскиот банкарски систем кој немилосрдно го краде народот, воведување 7 – часовно работно време од 7,00 до 14,00 часот, укинување на апанажата, минимална казна од 10 години затвор за кражба на буџетски пари; укинување на приватните извршителство и враќање на извршувањето во судовите и враќање на парите на граѓаните од присилната наплата за комунални сметки стари и по десет години, намалување на казните и воведување на правило од 3 опомени пред казнување;…, и бројни други мерки кои ги има во нашата програма.
Тоа се само дел од решенијата за коишто се обврзува НДМ да ги реализира. Проблемите мора да се решат системски, затоа е потребен чесен пристап и политика во интерес на народот.
НДМ го уверува народот дека ќе добие Влада која ќе ги решава вистинските проблеми“, се вели во соопштението.
Исто така се одржа и прес конференција на која зборуваше претседателот на Општинскиот комитет на НДМ Кочани Драги Паунов а обраќање имаше и Бачев.