Плишкова и Кербер во женското финале на УС Опен

Од:

Каролина Плишкова (10.носителка) од Чешка и Анжелик Кербер (2.носителка) од Германија ќе играат во саботното женско финале на УС Опен во Њујорк. Ноќеска двете тенисерки ги совладаа своите ривалки во полуфиналните мечеви.

Изненадувањето го направи Плишкова, која ја победи првата светска тенисерка Серена Вилијамс со 2-0 во сетови (6:2 и 7:6 (7:5)). За  Плишкова ова е најдобар резултат на Грен слем турнир бидејќи досега успеваше да стигне само до 3.коло.

Кербер во второто полуфинале со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) ја победи Каролине Вознијачки и се избори за своето трето Грен слем финале (сите во 2016 година). Победи на Австралија Опен, а загуби на Вимблдон. Без разлика на исходот во финалето Кербер од понеделник ќе биде тенисерка број 1 на ВТА листата.

Вечерва се играат машките полуфинални мечеви Новак Ѓоковиќ – Гаел Монфис и Стан Вавринка – Кеи Нишикори.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен