УНЕСКО: Седум милиони лица на возраст над 15 години во Турција се неписмени

Од:

Седум милиони лица на возраст над 15 години во Турција се неписмени, покажуваат податоците на УНЕСКО, објавени по повод денешниот Меѓународен ден на образованието.

Според податоците, вкупно 758 милиони луѓе над 15-годишна возраст во светот се неписмени, додека нивото на писменост меѓу младите во последните 50 години се зголемува.

Согласно податоците на турското Министерство за образование за нивото на писменост во Турција кај лицата над 15-годишна возраст за минатата година изнесува 310.790 неписмени лица во најголемиот турски град Истанбул. Бројот на неписмени во главниот град Анкара бил 105.600 лица, а во Измир 65.570.

Во 2014 година околу девет отсто од жените во Турција биле неписмени, додека нивото на неписменост меѓу мажите било 1,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ