Анкара им дозволи на германски парламентарци да ја посетат базата Инџирлик

Од:

Турските власти ја укинаа забраната за германските парламентарци кои повеќе од два месеца чекаат да ги посетат своите војници во базата Инџирлик каде што се сместени војници на НАТО.

Забраната беше воведена откако на почетокот на јуни Бундестагот однесувањето на Отоманската империја во Првата светска војна кон ерменскиот народ го прогласи за геноцид.

Германскиот министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја поздрави одлуката на турските власти.

– Армија која е одговорна пред својот Парламент мора да биде во можност да биде посетена од своите пратеници, изјави денеска Штајнмаер.

Посетата на германските пратеници, која дополнително ги наруши затегнатите турско-германски односи и поради која Германија се закани дека може да ги повлече своите војници од Инџирлик, сепак нема да се случи веднаш, туку најверојатно следниот месец.

Пред два дена весникот „Дер Шпигел“ објави дека Германија е подготвена да инвестира средства во нови простории на војниците на Бундесверот во воената база во Турција, јави дописникот на МИА од Берлин.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ