Турските власти денеска издадоа налог за притво на шест генерали и десетици воени лица, во рамки на истрагата за неуспешниот обид за преврат во земјата, јави државната агенција Анадолија.
Налозите се издадени од канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.
Околу 5.000 воени лица добија отказ после неупешниот пуч, меѓу кои и најмалку 150 генерали и адмирали. Околу 43.000 лица се отпуштени во јавните установи, десетици илјади се наоѓаат во притвор заради испрашување, а повеќе од 17 илјади интелектуалци, војници, новинари се уапсени.