Ердоган се договорил со Обама за влегување во Рака

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека турските и американските сили се подготвени да ги истиснат борците на т.н. Исламска држава од сириското упориште Рака.

Ердоган изјави дека американскиот претседател Барак Обама предложил заедничка акција против припадниците на ИД за време на средбата на Г20 во Кина.

Тој дополни дека Турција нема да има „никакви проблеми“ во спроведувањето на таква акција, јави Би-Би-Си.

Американскиот Стејт департмент не ги потврди деталите од изјавата на Ердоган, но еден американски функционер рече дека е важно „локалните сили да бидат вклучени во борбата која води до трајно уништување на Исламска држава“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ