Нишикори го елиминира Мареј во четвртфиналето на УС Опен

Од:

Кеи Нишикори успеа да направи подвиг откако синоќа во четвртфиналето на УС Опен го елиминира вториот тенисер на светот Енди Мареј. Нишикори во текот на мечот во два наврати беше во негатива и губеше со 1-0 и со 2-1 во сетови, а на крајот по речиси четири часа игра успеа да оствари победа и по вторпат да се избори за полуфинале на УС Опен. Нишикори победи со 3-2 во сетови (1:6; 6:4; 4:6; 6:1 и 7:5 по гемови).

Негов ривал во полуфиналето во петок ќе му биде Стан Вавринка, кој со 3-1 во сетови (7:6; 4:6; 6:3 и 6:2) го победи Хуан Мартин дел Потро. За Вавринка ова е трето полуфинале во последните четири години во Њујорк.

На мечевите во женска конкуренција Серена Вилијамс ја совлада Симона Халеп со 2-1 во сетови (6:2; 4:6 и 6:3). Ова беше прв загубен сет за Вилијамс на годинашниов турнир во петте меча одиграни досега. Нејзина ривалка во борбата за финалето ќе и биде Каролина Плискова која со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2) ја совлада Ана Коњух.

Вечерва по полноќ на УС Опен се играат женските полуфинални дуели: Серена Вилијамс – Каролина Плискова и Каролине Вознијачки – Анжелик Кербер.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен