Повеќе од 100 земји постигнаа договор до 2030 година да ја уништат неексплодираната касетна муниција, користена во зоните на конфликт ширум светот, пренесува Танјуг.
На крајот на тродневниот состанок, синоќа во Женева, учесничките во Конвенцијата за касетна муниција, го одредија првиот точен датум за расчистување на касетната муниција.
Се проценува дека од овој вид муниција во изминативе 50 години загинале или се повредени повеќе од 50.000 луѓе ширум светот.