Македонија поразена од Унгарија на домашен терен

Од:

Кошаркарската репрезнтација на Македонија синоќа во Кавадарци го претрпе вториот пораз во квалификациите, а прв на домашен терен. Македонија загуби од Унгарија со 76:66 (15:17; 17:18; 16:13 и 28:18).

Со ова е прекината серијата од речичи 14 години без загубен натпревар на домашен терен. Со овој пораз нашите кошаркари шансите за пласман на Еуробаскетот ги сведоа само на теоретски. Поради повреда во составот на Македонија не беше Дамјан Стојановски.

Во текот на целиот натпревар Унгарија имаше водство, иако на крајот на првиот период и на крајот од првото полувреме Македонија имаше водство.

Но, во вториот дел селекторот на гостите Стојан Ивковиќ имаше повеќе расположени играчи, па одбраната на Македонија немаше решение за Давид Војвода (27 поени), Адам Ханга (15) и Кристијан Витаман (11). Ова трио постигна вкупно 53 од поени на Унгарија.

Македонија имаше 16 изгубени топки и само четири украдени, додека противникот имаше 8 изгубени и 15 украдени.

Кај Македонија најефикасен беше Војдан Стојановски со 16 поени.

На вториот дуел од групата Г Велика Британија го победи Луксембург со 95:72. На чело на табелата е Унгарија со максимални 6 бодви, пред Велика Британија со 5, Македонија има 4, а Луксембург 3.

Македонија следниот дуел го игра на гости против Лускембург на 10.септември.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос