СДСМ: УХМР пак не ги предупредува граѓаните за особена опасност

Од:

„УХМР и надлежните институции повторно не дадоа никакво предупредување, ниту пак соопштија препораки за евентуални заштитни мерки за дождот што интензивно врне веќе втор ден.

Граѓаните немаат никакви информации колку литри дожд има наврнато на метар квадратен, каков е водостојот на речните корита, ниту дали има опасност од нови поплави во поплавените региони“, соопштуваат од СДСМ.

„Незамисливо е УМХР и директорот на оваа инститиција во еден ист ден, денеска, да излезат со две различни информации, посебно ако се земе предвид дека токму поради потфрлувањето на институциите на Скопје му се случија поплави со најмалку 23 жртви.

Во утринската информација на УХМР, потпишана од директорот Оливер Ромевски нема никакво предупредување за опасност од врнежите!

Но на друг дел од веб-страницата на УХМР, на мапа што можете да ја видите во прилог, пелагонискиот регион е обоен со портокалова боја, што означува ОСОБЕНА ОПАСНОСТ!

Зошто Ромевски и УХМР ги оставаат граѓаните да толкуваат мапи?

Поради ненавременото информирање и предупредување од страна на УХМР и надлежните институции пред еден месец, граѓаните се уште не можат да си го вратат животот во нормала.

Исплива неспособноста и неодговорноста на власта на Никола Груевски и Коце Трајановски.

Заради сето ова, одговорност мора да има и ќе има.

По 11 декември доаѓа одговорна Влада со функционални институции на којашто врвен приоритет ќе и бидат потребите на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски

Шукова: Ние ќе воведеме ред, ќе ги засилиме инспекциските контроли и ќе обезбедиме одговорно одржување на јавниот простор

Горан Наумовски

СДСМ: Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината, ова не е статистика

Горан Наумовски

Мицкоски сака обвинител под негова контрола, затоа се крие зад Левица, велат од СДСМ