Каролине Вознијацки од Данска и Анџелик Кербер од Германија ја сочинуваат првата полуфинална двојка на женскиот турнир од Отвореното првенство на САД што се игра во Њујорк.
Втората носителка Кербер во четвртфиналето во два сета беше подобра од Италијанката Роберта Винчини, додека Вознијацки ноќеска ја победи летонската тенисерка Анастасија Севастова со 6:0 и 6:2.
Во другите два четвртфинални меча на УС Опен играат:
Ана Коњух (Хрватска) – Каролина Плишкова (Чешка) и
Серена Вилијамс (САД) – Симона Халеп (Романија).