Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера, на средбата со премиерите на Полска, Чешка Словачка и Украина, изјави дека Европската Унија треба да ги штити своите граници од неконтролираната имиграција, колку што е можно појужно.
– Заштитата од неконтролираната миграција треба да се помести колку што е можно подалеку на југ, се согласија шефовите на влади.
Орбан, којшто претходно ги нарече мигрантите „отров”, исто така нагласи дека миграцијата ја изложи сета слабост на ЕУ, пренесува БТА.