(ВИДЕО) Царовска: И бебиња во Струмица страдаат од тендер здравството на Тодоров и Груевски!

Од:

100.000 граѓани од општина Струмица сами купуваат инјекции, инфузии и лекови. Не можат да добијат точна лекарска дијагноза поради расипаните медицински апарати. Катастрофална е состојбата овде во Здравствениот дом, што власта на Груевски со години ветува дека ќе го обнови, вели Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика.

Каде е ветената доградба на болницата лично од Груевски од пред 4 години? Каде е новиот модерно опремен крак најавен од Груевски и Тодоров? Ги нема!

Најстрашно е што во транспортното болничко возило, тешко болните граѓани се превезуваат до клиничките центри во импровизирани услови. Нема дури ни транспортен инкубатор за влошена здравствена состојба на бебиња!

Никола Груевски и Никола Тодоров со тендер политиките ги загрозија животите на пациентите, професионалните услови за работа на лекарите и го урнисаа здравствениот систем. За ова ќе се соочат со сопствената одговорност и тие и нивните соработници.

По 11 декември доаѓа одговорна Влада којашто ќе го крене на нозе уништеното јавно здравство и ќе овозможи соодветна здравствена заштита за сите граѓаните.

Наш приоритет се потребите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ