Грчките власти денеска соопштија дека заплениле речиси еден тон марихуана на гумен глисер, кој бил напуштен по полициската потера.
Крајбрежната стража наведе дека акцијата била покрената на основа на дојава и оти вчера го лоцирале и тргнале во потера по десетметарскиот долг глисер, но едно лице успеало да стигне до брегот и да побегне во градот Мисолонги.
Во чамецот се пронајдени пакети со марихуана со вкупна тежина од 930 килограми.
Не е познато откаде марихуаната пристигнала ниту каде требало да биде испорачана.
Во западна Грција се наоѓа рутата за криумчарење на албанска марихуана за западна Европа.