Македонската спортско качувачка репрезентација заминува во Париз, каде од 14 до 18 септември ќе учествува на Светското првенство во спортско качување.
Македонија ќе учествува со тројца натпреварувачи: Васил Тасевски, Ванчо Наунов и Виктор Трповски. Македонците ќе земат учество во две различни дисциплини: Водство и Болдер.
Во салата „Берси“ во Париз која е најголема универзална сала со капацитет од 20.000 гледачи ќе бидат монтирани вештачки карпи. По приемот на спортското качување во Олимписките спортови, со ова првенство практично започнува трката за собирање норми за учество на Олимписките игри во Токио.