Газиантеп подобар од МЗТ Скопје

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево во Солун загуби од турскиот тим Газиантеп со 86:75.

Ова беше втор контролен натпревар во два дена за „штрковите“ кои вчера згубија и од домаќинот ПАОК.
Лошата игра во вториот период и заморот од напорниот дуел против грчкиот тим, кој беше одигран само 18 часа претходно, се покажаа како клучни причини за неуспехот на МЗТ Скопје.

По изедначените први десет минути, во кои сино-белите во неколку наврати го имаа водството, следуваше серија 20:4 на противникот со која тој отиде на плус 19 (40:21), предност која се покажа како недостижна за македонскиот шампион. Аеродромци со серија 16-2 намалија на минус седум во последниот период (75-82), но поради неколкуте грешки во серија не успеа да направат целосен пресврт.

Ѓорѓе Дреновац одново беше убедливо најдобар во сино-белиот тим, а истовремено и најефикасен на средбата со 28 постигнати поени. Веднаш зад него беше Ксавиер Темс со 14 поени од кои 10 во првото полувреме. Џеремаја Мејси и Јуре Лалиќ реализираа девет односно осум поени за МЗТ Скопје.

Аеродромци веднаш по мечот тргнаа кон Скопје, каде што утре ќе продолжат со напорните тренинзи во пресрет на новата сезона. За десетина дена следува настапот на меѓународниот турнир „Мирза Делибашиќ“ во Сараево (16 и 17 септември) на кој ќе учествуваат уште и организаторот Босна Ројал, Цедевита и Будуќност, а можно е да биде одигран уште некој контролен дуел до заминувањето во БиХ.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ