Турските власти издале околу 150 налози за апсење на професори поврзани со Ѓулен

Од:

Турција издаде денеска околу 150 налози за апсење на професори, осомничени дека користеле апликации за кодирање пораки на Интернет, кои им служеле на приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, обвинет од турските власти за организирање на обидот за воен удар на 15 јули, јави Анадолија.

Околу 400 полицајци се вклучени во операцијата во Кајзери, во централна Турција за апсење на 147 професори, обвинети дека ја користеле апликацијата за мобилен телефон ByLock.

Професорите, кои биле отстранети од должност по обидот за преврат, се обвинети за „непочитување на Уставот“, „обид за соборување на турската Влада“ и „припадност кон вооружена терористичка организација“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ