Турција прифаќа визна либерализација до крајот на годината, место во октомври

Од:

Турција е подготвена да прифати визната либерализација за нејзините државјани за патувања во ЕУ да се реализира до крајот на годината место до октомври, како што беше нејзината првична цел, соопшти германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, повикувајќи се на турски владини извори.

Анкара се закани со откажување од спогодбата со ЕУ за мигрантите, доколку во октомври не добие олеснувања за патувањата на нејзините државјани во  ЕУ, но турскиот министер за ЕУ, Јомер Челик, ја самитот на ЕУ ја релативизирал оваа закана.

„Велт ам Зонтаг“ цитира високи турски претставници, запознаени со преговорите со ЕУ, кои кажуваат дека Анкара веќе гледа благонаклоно на забавувањето на процесот до ноември или декември. Тие, меѓутоа, инсистирале на ставот дека Турција ќе ги исполни своите закани доколку не го добие визното олеснување до крајот на годината.

Весникот, исто така,  тврди дека двете страни ги надминале своите разлики за примената на турското антитерористичко законодавство, кое ЕУ го постави како услов за безвизните патувања.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ