Турција очекува порешителни акции од САД кон курдските Сили за заштита на народот кои не се повлекле источно од реката Еуфрат во Северна Сирија. Тоа го изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртумлуш кој е во посета на САД.
– Сакаме да видиме притисок од САД врз сириските Курди за да се префрлат источно од реката Еуфрат. Поради тоа ќе биде многу подобро ако ја завршиме таа операција заедно со силите на САД, изјави Куртумлуш.
Тој нагласи дека Вашингтон има одговорност да работи со сојузникот од НАТО, „за сите терористички закани“ имајќи предвид несогласувања на двете страни по однос на политиката за Сирија.
САД ги поддржуваат СЗН во борбата против ИД, додека Анкара таа курдска милиција смета дека е поврзана со ПКК.