Македонската кошаркарска репрезентација по стартната победа над Луксембург во средата во Кавадарци е пред нов предизвик. Утре нашите кошаркари играат против Велика Британија, селекција која во првото коло загуби убедливо на гостувањето кај Унгарија.
– Натпреварот против Луксембург ни беше добредојден пред тешкото гостување во Лондон. Не треба да не залаже високиот пораз на Британците, сепак тие се квалитетен ривал, изјави селекторот Драган Раца.
Во нашиот табор истакнуваат дека иако не е постигната висока победа над Луксембург играчите се добро подготвени за дуелите што следуваат. Победа на гости за нашата репрезентација ќе биде голем плус во групата особено што се очекува за местата кои ќе водат на Европското првенство 2017 година да решаваат меѓусебните дуели на Македонија, Унгарија и Велика Британија.
Натпреварот Велика Британија – Македонија се игра утре со почеток во 18:30 часот.