Кошаркарската екипа на „Фени Индустри“ од Кавадарци ќе биде четвртиот македонски тим кој оваа сезона ќе настапува во регионалното натпреварување – БИБЛ лигата.
Гевгелиски „Кожув“ ќе го продолжи настапот, „Куманово“ по една година пауза се враќа во оваа лига, а „Карпош Соколи“ ќе биде дебитант.
Кавадарчани се враќаат по четири сезони отсуство, а трикратниот шампион на Македонија е единствениот тим кој ја има освоено шампионската титула во БИБЛ лигата. Фени Индустри беше најуспешен тим во 2011 година, а има и три настапи во полуфиналето (2009, 2010 и 2012).