ДОМ: Помош за поплавените од Српските Зелени

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска му се заблагодари на пратеникот, Иван Кариќ, претседател на Српските Зелени за доделувањето хуманитарната помош од нивната партија за граѓаните од поплавените подрачја. Како што нагласи Поповска ова е втора пратка на хуманитарна помош доставена до Македонија во знак на солидарност со македонските граѓани.

Пред две години ДОМ во Скопје организираше конференција за еколошка безбедност на Балканот на која учествуваа 8 балкански Зелени партии. Повод беа катастрофалните поплави што се случија во регионот и неподготвеноста на одговорните институции соодветно да реагираат. Заеднички беше заклучено дека е потребна регионална соработка на сите балкански држави заради превенција и брза реакција за справување со катастрофите предизвикани од климатските промени. Заклучено беше дека е потребно да се подобри капацитетот на институциите и да се едуцираат службениците, граѓаните и политичарите и да се обезбеди Заеднички фонд за брзо постапување. Како ефект од оваа Конференција, Собранието го ратификуваше Меморандумот за институционална рамка за превенција и подготвеност во случај на катастрофи во Југоисточна Европа, прифатен од 11 држави.

Според овој документ 11 држави треба да формираат заеднички работен Секретаријат, при што секоја од нив ќе партиципира со 25 илјади евра. Според досегашните информации ова засега не е реализирано, и за жал сведоци сме дека поплавите и другите природни катастрофи ги дочекуваме неподготвено.

Зелениот фронт на Србија покажа солидарност и грижа за народот на Македонија и собра хуманитарна помош за граѓаните кои живеат во поплавените подрачја во Скопје и околината, што му е доделена на Црвениот крст на Македонија. Пратеникот Иван Кариќ потсети дека Зелениот фронт и граѓаните на Србија не ја забораваат помошта и поддршката што Македонија им ја дала во 2014 година на граѓаните на Обреновац за време на поплавите.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска и претседателот на Зелените на Србија, Иван Кариќ се залагаат за регионално подигање на нивото на соработка за превентивно дејствување и справување со еколошките катастрофи. Еколошкиот интегритет може да биде постигнат само со заедничко дејствување на сите и со заедничка стратегија на земјите од Балканот и дека ќе продолжи иницијативата за борба против климатските промени преку таканаречена Зелена Балканска мрежа, како дел од Зелената Европска партија, заедно со партнерите од зелените партии на Грција, Црна Гора, Албанија, Бугарија и на Романија.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски