Собранието ја почна расправата за избор на нов министер за внатрешни работи

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево ја почна расправата по предлогот за избор на член на Владата откако министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднесе оставка.

Пратеничката група на СДСМ побара оваа точка да се симне од дневен ред бидејќи според нив нема никаква логика денеска да се гласа за нов министер за внатрешни работи, а веќе утре согласно вчерашниот договор на лидерската средба, да се избрира нов министер за внатрешни работи од редовите на опозицијата.

По барање на пратеничката група на ДУИ седницата е прекината и ќе продолжи за половина час.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, образложувајќи го барањето за пауза, рече дека ваквиот предлог е спротиставување на одлуката донесена на вчерашната лидерска средба дека на 100 дена од изборите треба да биде избрана новата техничка влада.

Досегашниот министер за внатрешни работи поднесе оставка на функцијата, а Оливер Андонов е предлогот на Владата за нов министер за внатрешни работи.

Откога пратениците ќе го изберат Андонов, тој ќе биде нов министер, а потоа ќе биде и дополнителен заменик министер за внатрешни работи во Владата за спроведување на изборите која би требало да се изгласа во Собранието утре.

Според портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, се очекува премиерот Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он