Раца: Најважно е што победивме

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Раца, имаше замерки за играта на неговите избраници во третиот период од синоќешниот дуел со Луксембург, но потенцира дека резултатот секогаш е во прв план.

– Најважно е што победивме и со триумф ги отворивме квалификациите. Игравме против Луксембург и иако предупредувавме, се чини дека кај одредени кошаркари името на противникот влијаеше и за мало опуштање, односно недоволна концентрација во некои периоди од мечот. Во првите пет минути имавме таква ситуација, како и во третата четвртина. Се потрудивме сите кошаркари да добијат своја шанса во ротација, но ако не играат сите петмина цврста одбрана, ние ќе имаме проблем против секој противник, изјави Раца.

Македонскиот селектор се осврна и на претстојниот дуел од квалификациите за Евробаскет 2017, против Велика Британија в сабота на гостински терен.

– Натпреварот со Луксембург може да се каже дека беше добра подготовка за многу потешкото гостување против Велика Британија. И тие негуваат сличен стил на кошарка, со индивидуи како и Луксембург, но ја имаат и потребната висина и цврстина под обрачите. Ја минавме првата пречка и одиме понатаму, јас се надевам со уште подобра игра, нагласи Раца и упати благодарност до навивачите во Кавадарци кои ја бодреа Македонија до победата над Луксембург со 89:75.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ