Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дела ароганцијата не треба да биде една од карактеристиките на лидерите.
– Оној кој сака да биде лидер и претендира да добие некое важно место никогаш не треба да го крева носот, верувајќи дека е најдобар. Штом човел почне да верува дека е подобар од сите од тој момент почнува да губи. Амбицијата е добра, ароганцијата е лоша, посочи Путин за време на средба со учениците од гимназија во Владивосток.
Тој генерално го пофали постојниот систем за развој на лидерски вештини во училиштето што го посети.