Над 6.000 ученици од општина Аеродром ја почнаа новата учебна година

Од:

Во осумте основни училишта во општина Аеродром годинава ќе учат над 6.000 ученици. Од нив околу 800 се првачиња.

Општина Аеродром, како што соопштуваат оттаму, заедно со раководството на основните училишта кои се под нејзина надлежност, се погрижила на учениците да им овозможи што подобри услови за учење и свечен прием со пригодна програма за одбележување на почетокот на новата 2016/2017 учебна година.

– Во текот на летото, додека траеше ученичкиот распуст, училиштата се подготвуваа за успешен старт на новата учебна година, при што дел од нив беа реновирани, онаму каде што имаше потреба беа извршени поправки, дел од училниците, канцелариите, ходниците и фасадите беа варосани и исчистени, а дворовите уредени, се вели во соопштението од општина Аеродром.

Исто така, сите ученици во општината добиле бесплатна училишна облека. Овој проект, кој се одвива трета година по ред, велат од општината, наиде на одобрување и прифаќање не само кај учениците, туку и кај родителите, бидејќи сите ученици се облечени во иста облека и на тој начин се навикнуваат на соодветен кодекс на облекување.

Би можело да ве интересира

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски

Училишните клупи празни, наставничките канцеларии преполни, велат од Левица

Горан Наумовски

Новата учебна година ќе почне за 245.000 ученици во основните и средните училишта

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Нема да има пролетен распуст за учениците