Петтиот носител на тенискиот Грен слем во Њујорк, Милош Раониќ од Канада ги заврши своите настапите веќе во 2.коло, откако синоќа загуби од Рајан Харисон (САД) со 3-1 во сетови.
За разлика од Раониќ, пласман во следната фаза од фаворитите обезбедија првиот носител Новак Ѓоковиќ и четвртиот носител Рафаел Надал.
Србинот во 3.коло се пласира без борба, бидејќи неговиот противник Јиржи Весели (Чешка) се повлече од турнирот поради повреда на левата рака.
Немаше тешка задача ниту Надал кој со максимални 3-0 (6:0, 7:5 и 6:1) го победи Андреас Сепи од Италија.
Изненадување се случи и на женскиот дел од турнирот. Елиминирана е третата носителка Гарбине Мугуруза (Шпанија), која загуби од Летонката Анастасија Севастова со 2-0 во сетови.