ДОМ: Честитки за ОМД за добивање нови пријатели на Македонија

Од:

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упати честитки за Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за добивањето нови пријатели на Македонија, односно тројца нови членови на групата во американскиот Конгрес, која достигна 27 члена.

– Со ова ОМД уште еднаш покажа како се работи за својата матична земја, со љубов и посветеност, но и со професионализам и пристојно однесување, кое во светот се цени, се наведува во соопштението на ДОМ.

ДОМ оценува дека граѓаните на Република Македонија треба да и оддадат почит на ОМД за, како што велат, достоинственото претставување на земјата со одмерени и коректни ставови, како и со пригоден речник на образовани и цивилизирани луѓе.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски