Кој го отру поранешниот претседател на Турција

Од:

Политика – Белград

Големата истрага против виновниците на неуспешниот воен удар зад кој стои имамот Фетулах Ѓулен може да расветли и неколку тешки кривични дела кои со години се во центар на вниманието на јавноста: мистериозната смрт на поранешниот претседател Тургут Озал, атентатот на ерменскиот новинар Хрант Динк, уривањето на рускиот борбен авион, големиот скандал околу местење на натпревари.

Како што почна, исламскиот теолог кој ги отфрлува сите обвиненија и предлага независна меѓународна истрага за последните настани во Турција, ќе биде обвинет за сите зла кои во последните децении се случија во Анадолија. А се до вчера важеше за уважен исламски проповедник кој има свои училишта и универзитети ширум светот и за чија наклоност многумина се интересираа, вклучувајќи го и претседателот Реџеп Таип Ердоган. Упатените дури тврдат дека влијателниот имам пред 14 години го довел на власт. Во меѓувреме се се сврте наопаку, бидејќи денес двајцата најмоќни Турци всушност не можат да се договорат кој е газда во земјата.

Претседателот по најновите откритија се најде на удар на критики. „Зошто не го спречи на време” – прашуваат од опозицијата.

„Нека ми прости бог и мојот народ што не сфатив на време кој е Ѓулен. За жал, направив грешка со неговата терористичка организација и сега барам прошка” – изјави Ердоган.

Ловот на имамот почна. Меѓу првите се огласи Ахмет Озал, синот на починатиот претседател Тургут Озал, кој тврди дека „луѓе на Ѓулен во 1993 година го отруле неговиот татко, бидејќи уште тогаш укажувал дека има опасност во земјата. Тој случај сега треба повторно да се истражи” – вели тој, иако според официјалните наводи поранешниот шеф на државата умрел од последица на срцев удар.
Семејството на Озал сега има дополнителни причини за сомнеж: по обидот за пуч на 15 јули притворен е директорот на Институтот за судска медицина во Анкара, кој пред две години, на барање на семејството, направил аутопсија и соопштил дека во посмртните останки на Озал се најдени траги на одредени отрови, но не во толкава мера тоа да предизвика смрт.

Клопчето изгледа уште побрзо почна да се одмотува околу мистериозниот атентат на ерменскиот новинар Хрант Динк, главен уредник на неделникот „Агос” кој излегува во Истанбул. По пучот уапсени се шест офицери од полицијата и службата за безбедност кои биле припадници на „Гуленовата терористичка група”. Тие кои наводно стоеле зад тоа убиство за да предизвикаат бунт на Ерменците.

Динк бил познат како голем борец за правата на Ерменците во Турција и отворено пишувал за геноцидот кој над припадниците на тој народ бил извршен во време на распадот на османлиската империја. Тоа тогаш било табу тема, ерес поради кој се губеле глави, или во подобар случај, главеечки се одело во затвор.

„Секојдневно ми стигнуваат закани за смрт. Барав заштита од полицијата. Не знам што ме чека утре” – напишал Динк неколку дена пред атентатот.

Службата за безбедност се оглуши на неговите апели. Новинарот сред бел ден бил изрешетан од малолетникот Огун Самаст, кој е осуден на 23 години затвор. На секој од почеток му беше јасно дека тој беше пион во рацете на мрачни сили кои од некоја дупка ги повлекуваа конците. Посебно што убиецот призна дека во местото Трабзон му дале фотографија од Динк за да го препознае пред да пука во него. Тогаш се сомневало дека зад тоа стојат радикалните националисти.

Тоа не е единствено обвинение против имамот. Ѓулен сега е осомничен дека наводно стои зад рушењето на рускиот авион на 24 ноември минатата година, бидејќи на тој начин сакал да ги наруши односите меѓу Москва и Анкара.

„Одлуката за гаѓањето на авионот ја донел пилотот лично” – тврди претседателот на Владата Мехмет Шимшек. Тој сега е во притвор бидејќи учествувал во неодамнешниот пуч.
Тоа не е се.  

Претседателот Ердоган сигурно нема да застане на тоа и секојдневно го шири фронтот против доскорешниот сојузник. Ѓулен ги отфрла сите обвиненија и тврди дека политиката не го интересира.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ