Фудбалерите на Дижон се изборија за трите бода на вечерашниот дуел со фаворизираниот противник и еден од трите тима со максимални две победи по првите две кола.
За домашната екипа ова беше прва победа во Лига 1, додека за Олимпик Лион прв пораз.
Постигнати резултати на двете досега завршени средби од 3.коло во Француското фудбалско првенство:
Олимпик Марсеј – Лориен 2:0,
Дижон – Олимпик Лион 4:2.
Вечерва од 20 часот играат:
Каен – Бастија,
Мец – Анжи,
Монпеље – Рен,
Нанси – Гингамп и
Ница – Лил.
Последните три натпревари од оваа рунда на програмата се утре:
Бордо – Нант,
Сент Етиен – Тулуз и
Монако – ПСЖ.
Табела: ПСЖ 6 бода, Олимпик Лион 6, Ница 6, Тулуз 4, Гингамп 4, Монако 4, Олимпик Марсеј 4 (натпревар повеќе).